Појдовна точка при спроведување интегрална евалувација во основните и средните училишта се Индикаторите за квалитетот на воспитно-образовниот процес во основните и средните училишта кои содржат 7 (седум) клучни подрачја кои ја карактеризираат работата на училиштата кои во себe имаат индикатории тоа:
Подрачја и Индикатори за квалитетот на воспитно-образовниот процес во основните и средните училишта:
ПОДРАЧЈЕ | ИНДИКАТОР |
---|---|
Наставни планови и програми | Реализација на наставните планови и програми – Квалитет на наставните планови и програми – Воннаставни активности |
Постигања на учениците | Задржување/осипување на учениците – Постигања на учениците – Повторување на учениците |
Учење и настава | Планирања на наставниците – Наставен процес – Искуства на учениците од учењето – Задоволување на потребите на учениците – Оценувањето, како дел од наставата – Известување за напредокот на учениците |
Поддршка на учениците | Севкупна грижа за учениците – Здравје – Следење на напредокот – Советодавна помош за понатамошно образование на учениците |
Училишна Клима | Училишна клима и односи во училиштето – Промовирање на постигањата – Еднаквост и правичност – Партнерски однос со родителите и со локалната и деловната заедница |
Ресурси | Сместување и просторни капацитети – Наставни средства и материјали – Обезбедување на потребниот наставен кадар – Финансиско работење во училиштето – Следење на развојните потреби на наставниот кадар |
Управување,раководење и креирање политика | Цели и креирање на училишната политика – Управување и раководење со училиштето – Развојно планирање |