Државниот просветен инспекторат врши надзор над исполнетоста на образовните стандарди, обезбедувањето на квалитетот на образованието, ефективноста преку евалуацијата на работата на воспитно-образовните установи, како и примената на законите, другите прописи и општи акти од областа на воспитанието и образованието.
Државниот просветен инспекторат врши надзор во воспитно-образовните установи. Во високообразовните установи и во научните установи Државниот просветен инспекторат врши надзор над примената на законите со кои се уредува високообразовната дејност, за прашања утврдени Закон за просветна инспекција..
Државниот просветен инспекторат врши надзор и над извршувањето на законите, другите прописи и општи акти со кои се уредуваат ученичките и студентските домови.
Државниот просветен инспекторат врши надзор над:
- постоење услови за вршење на дејноста во воспитно-образовните, високообразовните и научните установи, ученичките и студентските домови;
- остварување на воспитно-образовниот процес во предучилишното, основното и средното образование;
- посебните услови за избор на наставници, стручни соработници и воспитувачи;
- стручното и педагошкото усовршување на наставници, стручни соработници и воспитувачи и полагањето на стручен испит;
- употребата од учебници во основните и средните училишта;
- постапката за избор во наставни, наставно-научни, научни и соработнички звања;
- управување и раководење со воспитно-образовните установи за средно образование основани од државата и приватните средни училишта;
- реализацијата на наставните планови и програми, и другите пропишани стандарди и нормативи со кои се уредува воспитно- образовната дејност;
- реализација на воннаставните активности;
- реализацијата на експерименталните програми во воспитно-образовните установи;
- спроведувањето на конкурсот за запишување на учениците и на студентите и на конкурсот за сместување на ученици и студентите во ученичките и студентските домови;
- водењето на педагошката евиденција и документација, како и нивно издавање и употреба во предучилишното, основното, средното и високото образование и ученичките и студентските домови;
- водењето на педагошката евиденција и документација во електронска форма и водење на е-дневник врз неделна основа во основното и средното образование;
- примена на нормативите за бројот на потребните наставници и соработници и за големината на групата на редовни студенти во високообразовните установи;
- постапката за донесување на студиските програми во високото образование;
- следење на воспитно-образовниот процес за време на штрајк во предучилишното, основното и средното образование;
- контрола на средствата стекнати од сопствени извори во установите за средно образование основани од државата;
- примена на законската регулатива во високото образовните и научните установи и
- примена на законската регулатива од областа на забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност во воспитно-образовните установи, во високообразовните установи и во научните установи.