Интерен Оглас 02/2021

                         Врз основа на член 48 став 4 и член 49 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 14/20), Правилникот за систематизација на работните места во Државен просветен инспекторат со бр. 04-1370/5 од 15.11.2018 година, како и, Правилник за измена и дополнување на систематизација на работните места во Државниот просветен инспекторат број 04-71/2 од 28.01.2021 година   и број 04-338/1 од 20.05.2021 година Државниот просветен инспекторат објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2021

за унапредување на административен  службеник

во Државен просветен инспекторат

                 Државниот просветен инспекторат објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:

  1. Ниво Б4, шифра ИНС0101Б04001, Раководител на одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, пост-средно образование, ученички домови, образование во специјализирани воспитно-образовни установи и друго образование во полошки плански регион, во Одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, пост-средно образование, ученички домови, образование во специјализирани воспитно-образовни установи  и друго образование во полошки плански регион, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, високо и друго образование – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Образование на наставници или друг вид на високо образование со здобиена педагошко-психолошка методска подготовка

Работно искуство:

-најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;

Посебни услови:

  • Да има 5 години работно искуство во воспитно-образовна установа верифицирана од МОН
  •  има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба

Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
  • положен испит за административно управување

Потребни општи работни комепетенции на напредно ниво:

–                      учење и развој;

–                      комуникација;

–                      остварување резултати;

–                      работење со други/тимска работа;
–              стратешка свест;

–                      ориентираност кон странките/засегнати страни;

–                      раководење  и,

–                      финансиско управување.

Распоред на работното време:                                                                                       

  • Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
  • Платата за работното мести е во паричен нето износ од 29 693,00  денари.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас  треба да ги исполнуваат следните

Општи услови: 

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

                 На интерниот оглас може да се јават административни службеници вработени во Државен просветен инспекторат, кои ги исполнуваат општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Државен просветен инспекторат, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Државен просветен инспекторат до Одделението за управување со човечки ресурси и  електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси [email protected]

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Агенцијата администрација и web страната на Државниот просветен инспекторат.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.