ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2024

       Врз основа на член 48 став 4 и член 49 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22), како и  Правилникот за систематизација на работните места во Државниот просветен инспекторат број 04-1370/5 од 15.11.2018 година и Правилник за измена и дополнување на систематизација на работните места во Државниот просветен инспекторат број 04-71/2 од 28.01.2021 година, број 04-338/1 од 20.05.2021 година, 04-391/1 од 24.06.2021, 04-206/1 од 02.03.2022 година, 04-1128/3 од 07.12.2022 година, 04-696/1 од 13.06.2023, 04-1012/1 од 04.09.2023 година и 04-154/1 од 29.01.2024 година, Државниот просветен инспекторат објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2024

за унапредување на  административни  службеници

во Државен просветен инспекторат

                 Државниот просветен инспекторат објавува Интерен оглас за унапредување на 2 (два) административни службеници за следните работни места:

1.УПР0101В01000, Советник за управување со човечки ресурси, Одделение за управување со човечки ресурси, Сектор за стручно-административни работи – 1 (еден) извршител

Стручни квалификации:

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки- образование

Работно искуство:

  • најмалку три години работно искуство во струката

  Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Потребни општи работни комепетенции на средно ниво:

  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
  • учење и развој;
  • комуникација;
  • остварување резултати;
  • работење со други/тимска работа;
  • стратешка свест;
  • ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и
  •         финансиско управување.

Распоред на работното време:                                                                                       

  • Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
  • Нето месечна плата од 34.640,00  денари.

2.Ниво В1, шифра УПР0101В01000, Советник за оценување и анализа на квалитетот во образованието  во југозападен плански регион, Одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, пост-средно образование, ученички домови, образование во специјализирани воспитно-образовни установи и друго образование во југозападен плански регион, во Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, високо и друго образование-1 (еден) извршител

Стручни квалификации:

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки-образование,економија и бизнис или други општествени науки (Организациони науки и управување (Менаџмент))

Работно искуство:

  • најмалку три години работно искуство во струката

  Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Потребни општи работни комепетенции на средно ниво:

  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
  • учење и развој;
  • комуникација;
  • остварување резултати;
  • работење со други/тимска работа;
  • стратешка свест;
  • ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и
  •         финансиско управување.

Распоред на работното време:                                                                                       

  • Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
  • Нето месечна плата од 34.640,00  денари.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас  треба да ги исполнуваат следните

Општи услови: 

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

                 На интерниот оглас може да се јават административни службеници вработени во Државен просветен инспекторат, кои ги исполнуваат општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Државен просветен инспекторат, пoкрај ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Државен просветен инспекторат до Одделението за управување со човечки ресурси или на електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси [email protected]

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на страната на Државен просветен инспекторат и на web страната на Агенцијата за администрација.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.