Државниот просветен инспекторат во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), во период од 5ти до 7ми Ноември 2024 година, спроведе обука за улогата на Државниот просветен инспекторат во превенција и справување со насилство во училиштата и поддршка на ученичко организирање во рамките на проектот: Промоција на безбедна училишна средина, поддржан од страна на Детската фондација Песталоци.
На обуката се обработија теми во однос на превенција и справување со насилство во училиштата и поддршка на ученичко организирање, кои беа модерирани од страна на искусни предавачи со активно учество на вработените во Државниот просветен инспекторат.