Најчесто поставувани прашања

  1. Во кои институции се врши просветен инспекциски надзор?
    Просветен инспекциски надзор се врши во: основните училишта, средните училишта, детските градинки, установите за образование на возрасните, установите за образование и оспособување на ученици со посебни образовни, во високообразовните и во научните установи, ученичките и студентските домови.
  2. Лице има завршено високообразование на ненаставна група на наставнички студии, и истото е ангажирано да реализира настава по определена наставен предмет, во недосток на лице со соодветно образование. Дали може да му се именува ментор и даде решение за приправник?
    Приправник може да е лице кое прв пат се вработува во воспитно-образовна установа  и ги исполнува условите за наставник . Горенаведеното лице може да има ментор само доколку се стекне со педагошко-психолошка и методска подготовка на акредитирани високообразовни установи, односно ги исполни условите за наставник.
  3. Кој може да изведува настава  во продолжениот престој за учениците од второ до петто одделение?
    Во продолжениот престој за учениците од второ до петто одделение воспитно-образовната работа ја изведуваат наставниците за одделенска настава или педагог.
  4. Што може да се превземе за наставникот кој неоправдано не реализира дополнителната настава согласно со распоредот?
    За наставникот кој неоправдано не реализира дополнителната настава ќе се поведе постапка за дисциплински престап, односно се изрекува дисциплинска мерка парична казна од 10% до 30% од едномесечниот износ на нето платата исплатена на јавниот службеник во месецот пред извршување на дисциплинскиот престап, во траење од три до шес тмесеци.
  5. Дали основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина?
    Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување, односно откако ќе ги опфати учениците од својот реон.
  6. Дете посетувало настава во странство. Има поднесено барање за нострификацијата, односно признавање на еквиваленција на свидетелството стекнато во странство, но постапката не е завршена до истекот на рокот за упис на учениците во училиште. Дали може да посетува настава?
    Лицето кое поднело барање за нострификација, односно признавање на еквиваленција на свидетелството стекнато во странство, може условно да го посетува наредното одделение, доколку постапката не е завршена до истекот на рокот за упис на учениците во училиште.
  7. Дали наставникот ја планира наставата само во пишана форма?
    Наставникот може да ја планира наставата во писмена или електорнска форма.
  8. Дали изрекување  на педагошки мерки на ученик треба  да бидат редоследно?
    Педагошките мерки се изрекуваат редоследно уредено со закон или подзаконски акт?
  9. Дали лице кое нема соодветно образование може да биде вработено како наставник во училиште?
    Лице со несоодветно образование може да биде вработно како наставник во училиште на определено работно време доколку на јавен оглас не се јавило соодветно лице .
  10. Што се може наставникот да користи како нагледно средство за реализирање на наставната единица со ИКТ?
    Наставникот од информатичко-комуникациски технологии во наставата може да користи : комјутер, ЛЦ, смарт табла.
  11. Ако наставник има работен стаж од 4 години на определено време дали директорот има право да прима нов наставник ?
    Да, директорот има право да прима нов наставник, избор и распределба на наставен кадар врши директорот.
  12. Дали може да се трансформира работен однос на наставник кој реализира настава по изборни предмети и предмети кои се деливи (пракса)?
    Согласно насоките од МОН работен однос не може да се трансформира на лицата кои не реализираат редовни предмети.
  13. Кој може да се запише во спортска академија?
    Во спортска академија може да се запише секој редовен ученик.
  14. Дали покрај учебник наставникот може да употребува и друга литература?
    Покрај учебникот како основно наставно средство, наставникот во основното училиште може да се употребува стручна литература и детски списанија, а во средното училиште стручна литература но несмее да бара да бидат купени од учениците,бидејќи образованието е бесплатно.
  15. Дали со уверение за директор за основно училиште може да биде директор во средно училиште?
    Не, директор може да биде во училиште согласно уверението.
  16. Дали наставникот треба да  го оствари годишниот и неделниот број на часови за наставата согласно со наставниот план и програма иако има празници?
    Да, годишниот и неделниот број на часови за наставата согласно со наставниот план и програма  трба да се остварат,наставникот и училиштето наставата ја организираат согласно календар за организација на настава доставен од МОН.
  17. Дали лице кое било директор два мандати во основно или средно училиште има право да биде директор трет мандат?
    Лице кое било директор пред  измена и дополнување на законот  во однос на мандат на директор може да биде директор.
  18. Наставно-научните и соработничките звања во кои се бира наставниот кадар во високообразовните институции?
    Во наставно-научно звање доцент, вонреден професор и редовен професор, а во соработничко звање асистент-докторант се избира под услови пропишани со Законот за високото образование и Правилник за избори во звање.
  19. Префрлување на студент од еден на друг Универзитет/факултет.
    Студентот може да го продолжи своето студирање на друг универзитет/факултет по претходна согласност од новоизбраниот универзитет/факултет и издадено позитивно Решение од Министерството за образование и наука
  20. Сместување во студентски дом
    Во студентски дом се сместуваат студенти кои студираат надвор од местото на живеење и кои ги исполнуваат условите за сместување во државните студентски домови и други објекти за сместување согласно конкурс кој се објавува секоја година пред почетокот на академската година од страна на Министерството за образование и наука на РМ.
  21. Кога се спроведува полагање на испит пред комисија?
    Секој студент кој одреден испит го полага повеќе од два пати за следната испитна сесија има право да побара испитот да го полага пред комисија.
  22. Уплата на финансиски средства за школарина?
    Уплата на средства за школарина се врши при заверка на секој нареден семестар во висина на средствата кои се внесени во Договорот за давање на услуги од областа на образованието, склучен помеѓу студентот и високообразовната установа при почетокот на студирањето.