Обука

Државниот просветен инспекторат во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), во период од 5ти до 7ми Ноември 2024 година, спроведе обука за улогата на Државниот просветен инспекторат во превенција и справување со насилство во училиштата и поддршка на ученичко организирање во рамките на проектот: Промоција на безбедна училишна средина, поддржан од страна на Детската фондација Песталоци. На обуката се обработија теми во однос на превенција...

Работна средба на Државен просветен инспекторат

Работна група за подготовка на годишната програма за работа на Државниот просветен инспекторат, во која членуваа сите раководители на одделенија и раководителот на сектор, одржа работна средба на 28ми и 29ти Окотомври 2024 година. Работната средба беше поддржана од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО). Средбата беше успешна и како производ од истата се изработи годишната програма за работата на Државниот просветен инспекторат за 2025та година.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2024

       Врз основа на член 48 став 4 и член 49 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22), како и  Правилникот за систематизација на работните места во Државниот просветен инспекторат број 04-1370/5 од 15.11.2018 година и Правилник за измена...

Средба со претставници од Светска Банка

Директорот на Државниот просветен инспекторат оствари средба со претставници на Светска банка и МЦГО, во врска со напредокот на активностите поврзани со ревидирање на рамката за унапредување на квалитет во основното образование. На состанокот се разговараше и за постигнатите резултати за секоја компонента на Проектот за унапредување на основното образование кој се спроведува со финансиска поддршка од Светска банка.Како резултат на активностите: Изработени се нови...

Одлука од интерен оглас број 03/2023

Одлука по Интерен оглас 03/2023 за унапредување на административен службеник во Државен просветен инспекторат: Одлука за избор на кандидат по Интерен оглас број 03/2023 годинаПреземи