На ден 21.03.2023 година Директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов, оствари работна средба со Претседателот на Инспекциски совет Даниела Рендевска и надлежниот член од областа образование, наука и култура Ќерамедин Селими.
На средбата стана збор за кадровската екипираност и предизвиците со кои се соочува Државниот просветен инспекторат, а се отворија и темите за продлабочување на соработката помеѓу двете институции, како и за вклучувањето на Државниот просветен инспекторат во системот Е-инспектор.