Интегрална евалуација

Интегралната евалуација претставува посебен вид на инспекциски надзор каде што се врши утврдување на состојбите во однос на квалитетот на воспитно образовниот процес, во воспитно образовните установи.

Интегралната евалуација е клучниот процес во работата на Државниот просветен инспекторат преку кој се оценува квалитетот на образовниот процес преку евалуирање во седумте подрачја: наставни планови и програми, настава и учење, постигања на учениците, поддршка на учениците, училишна клима, ресурси и раководење и управување, а индикаторите за квалитет на работата на училиштата се основа за вршење на интегралната евалуација и на самоевалуацијата која се спроведува во училиштата.

Постапката на интегралната евалуација се одвива во три фази:

а) подготвителна фаза,

б) фаза на имплементација (спроведување) и

в) фаза на известување.

ФАЗАЗНАЧЕЊЕ
Подготвителна фаза Започнува со известување на училиштето, 15 дена пред почетокиот на интегралната евалуација, државниот просветен инспектор писмено го информира директорот на воспитно-образовната установа, училишниот одбор и советот на родители за својата намера.  
Фаза на инплементацијаТрае 3 до 4 дена, ја спроведуваат тим од државни просветни инспектори кои вршат увид во училиштето.  
Фаза на известувањеТимот Државни просветни инспектори изработува Конечен извештај од спроведената интегрална евалуација и го доставува до воспитно-образовната установа.   Од страна на училиштето, до раководителот на инспекцискиот тим, се доставува Акционен план за постапување по препораките дадени во Конечниот извештај. – Конечниот извештај од спроведената интегрална евалауција се доставува до училиштето кадешто се спрведува интегралната евалауција, Бироза развој на образованието и Градоначалникот на општината кадешто гравитира училиштето.  

Со цел, надзорот при интегралната евалуација да биде унифициран и поедноставен, при спроведувањето на истата се применува интерен инструмент Прирачник за вршење интегрална евалуација кој ги содржи сите документи што инспекторите ги користат во сите фази на интегрална евалауција.

Еден од основните елементи при спроведување на Интегралната евалауција во основните и средните училишта е и процесот на вреднување на наставниот кадар и стручните соработници во основните и средните училишта преку изготвени обрасци за вреднување според типот на образование согласно Упатството за вреднување на наставниот кадар и стручните соработници во основните и средните училишта.

Исто така, преку интегралната евалуација се врши надзор над примената на законите, другите прописи и општи акти од областа на образованието и согледување на самоевалуацијата и подготвената програма за развој на воспитно-образовните установи.