Директорот на Државниот просветен инспекторат оствари средба со претставници на Светска банка и МЦГО, во врска со напредокот на активностите поврзани со ревидирање на рамката за унапредување на квалитет во основното образование. На состанокот се разговараше и за постигнатите резултати за секоја компонента на Проектот за унапредување на основното образование кој се спроведува со финансиска поддршка од Светска банка.
Како резултат на активностите:
- Изработени се нови индикатори за квалитет на работа на училиштата кои имаат за цел поефективно оценување на училиштата и поголем фокус на клучните подрачја на настава, учење и постигања на учениците.
- Изготвен е прирачник за самоевалуација на училиштата и инструменти
- Изготвен е прирачник за развојно планирање на училиштата
- Развиен е прирачник за училишни грантови врз основа на којучилиштата кои ќе спроведат самоевалуација и развојно планирање и согласно новата рамка ќе имаат можност да аплицираат за грант од МОН за реализација на дел од активностите предвидени со развојната програма.
Во рамки на ПЕИП проектот е во тек и активност за развој на: технички спецификации за дизајн и развој на софтвер и хардвер потребни за ДПИ, за електронско водење на архивска документација.