Мисија и визија

Мисија

Зголемување на ефективноста на воспитно-образовниот процес преку контрола на квалитетот на предучилишното, основното, средното образование и другите форми на образование, давање оценка за квалитетот на образовниот процес како и контрола над законитоста во образованието согласно законите што го регулираат воспитно-образовниот процес.

Визија

Висококвалитетна, стручна, професионална и ефикасна поддршка за позитивните промени на состојбите во образованието во Република Северна Македонија.