Од петок 07.07.2023 година, започнува нова пракса во Државниот просветен инспекторат при што Записници од вонредни инспекциски надзори ќе бидат објавувани на неделна основа на нашата интернет страница.Интегритетот е од суштинско значење за економскиот, социјалниот и општествениот просперитет. Со цел остварување на политиката на интегритет како темел на доброто управување и стратешки и одржлив одговор на корупцијата, Државниот просветен инспекторат стремејќи се кон високо ниво на активна транспарентност, ќе објавува на својата интернет страница на неделна основа записници од вонредни инспекциски надзори, со почитување на одредбите на Законот за заштита на лични податоци.Ова го правиме со цел да демонстрираме високо ниво на активна транспарентност, односно нашето работење да биде ставено на увид на јавноста. Државен просветен инспекторат