Врз основа на член 48 став 4 и член 49 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 14/20), Правилникот за систематизација на работните места во Државен просветен инспекторат со бр. 04-1370/5 од 15.11.2018 година, како и, Правилник за измена и дополнување на систематизација на работните места во Државниот просветен инспекторат број 04-71/2 од 28.01.2021 година Државниот просветен инспекторат објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021
за унапредување на административни службеници
во Државен просветен инспекторат
Државниот просветен инспекторат објавува Интерен оглас за унапредување на два (два) административни службеници за следните работни места:
- УПР0101В01000, Советник за поддршка и меѓународна соработка во инспекторатот, Одделение за општи и административни работи, Сектор за стручно-административни работи – 1 (еден) извршител
Стручни квалификации:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Образование на наставници, Наука за книжевноста или Наука за јазикот (Лингвистика)
Работно искуство:
- најмалку три години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Потребни општи работни комепетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и
- финансиско управување.
Распоред на работното време:
- Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
- Нето месечна плата од 26.253,00 денари.
- УПР0101В01000, Советник за буџетска контрола во инспекторатот, Одделение за финансиски прашања- 1 (еден) извршител
Стручни квалификации:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки
Работно искуство:
- најмалку три години работно искуство во струката
Други посебни услови:
- познавање на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, Законот за буџетите и Законот за извршување на буџетот
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Потребни општи работни комепетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и
- финансиско управување.
Распоред на работното време:
- Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
- Нето месечна плата од 26.253,00 денари.
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
На интерниот оглас може да се јават административни службеници вработени во Државен просветен инспекторат, кои ги исполнуваат општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Државен просветен инспекторат, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираните административнi службеници, поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Државен просветен инспекторат до Одделението за управување со човечки ресурси и електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси [email protected]
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на страната на Државен просветен инспекторат и на web страната на Агенцијата за администрација.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.