Меморандум за соработка помеѓу Државниот просветен инспекторат и Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците

Со цел воспоставување и одржување на ефективна соработка помеѓу Државниот просветен инспекторат и Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците, на ден 05.04.2023 година, од страна на раководните лица во двете институции беше потпишан Меморандум за соработка за проект: Инклузија на деца со посебни образовни потреби.

Проектот е поддржан од Детска фондација Песталоци (ДФП) од Швајцарија. Активностите што ги опфаќа проектот имаат за цел да ја поддржат имплементацијата на Концепцијата за инклузивно образование, во насока на следење, анализирање и надградување на политиките, легислативата и процедурите за инклузија на учениците со посебни образовни потреби на национално и локално ниво.